Тековната 2013 година како по традиција ќе ја заокружиме на најубав можен начин со отворање на 32от по ред Жито маркет овој пат во општина Гостивар.Неминовно се наметнува потребата да излеземе во пресрет на сите заложби и барања кои секојдневно стигнуваат на нашата адреса и да бидеме присутни во што е можно поголем број на општини.
Овој пат во централното градско подрачје на Гостивар на површина од околу 500м2,со обезбеден сопствен паркинг ќе никне нов Жито супермаркет.На граѓаните на Гостивар и на околните населени места ќе им понудиме еден поинаков концепт на работење каде секојдневно ќе имаат можност да уживаат пазарувајќи во Жито.Отворањето на маркетот се очекува да се случи во месец декември, со што на најубав можен начин преку многу наградни акции, промоции, гратиси , дегустации. невидено ниски цени ќе им ги честитаме престојните празници на граѓаните на Гостивар.