Нарачката ја доставуваме со сопствени возила, секој ден од понеделник до сабота од 10:00 часот до 21:00 часот според избраните термини на купувачите. Во неделанема да се врши достава. За време на државни празници доставата е ограничена и во термини кои ќе бидат определени од страна на Биг Шоп.

Нарачките направени секој работен ден после 19:00 часот ќе бидат доставени наредниот работен ден во период наведен од купувачот. Секој купувач е должен при испорака на произвоите да ги провери за евентуални оштетувања, недостасување производ или промена. Доколку има било каков проблем околу нарачката купувачот е должен да пријави веднаш на доставувачот, во спротивно Биг Шоп не презема никаква одговорност. Доколку при време на испорака за дадениот термин купувачот не одговара на телефонот што сам го доставил го губи правото за испорака во истиот даден термин и ќе биде контактиран од наша страна во текот на истиот ден за одбирање на нов термин.

Истото се однесува и кога купувачот ќе одговори на телефон но 5 минути не се појавува да ја превземе нарачката. Биг Шоп не гарантира дека следниот слободен термин ќе биде во истиот ден.

Биг Шоп нѐ гарантира дека испораката ќе биде временски точна во следниве услови:
– Екстремно лоши временски услови,
– Состојба на елементарна непогода,
– Друга официјална криза на локално или државно ниво.

За проценка на нормалноста на условите одлучува Биг Шоп.

Доплатата за испорака се пресметува во вкупната цена на нарачката.

Политиката и условите на доставување подетално можете да ги погледнете во делот Правила за достава.