Општествено одговорна активност на „Жито Маркети“
Компанијата „Жито Маркети“ ја покажа својата општествена одговорност и на основците од V до VII одделение од училиштето „Васил Главинов“ од Велес, им овозможи одржувањето на класичните часови по физичко воспитување во своето училиште да ги заменат со посета на фитнес клубот на „Жито Маркети“. Опремен со фитнес справи, друштвени игри и спортски реквизити, фитнес клубот им даде можност на учениците да вежбаат на справите што служат за правилен раст и развој, заедно со фитнес инструктори. На овој начин, ја доближивме нашата компанија до најмладите и им го презентиравме историјатот и работата на „Жито Макркети“, а крајот на часовите го заокруживме делење на подароци од нашата компанија.
Посетата на „Жито Маркети“, запознавањето со процесот работа на компанијата, особено одржувањето на часот по физичко воспитување во фитнес клубот, децата ја доживеаа со голема возбуда. Оваа несекојдневна авантура ја прераскажуваат и доживуваат на свој типичен детски начин.
[Best_Wordpress_Gallery gallery_type=”thumbnails” theme_id=”1″ gallery_id=”2″ sort_by=”order” image_column_number=”5″ images_per_page=”30″ image_title=”none” image_enable_page=”0″ thumb_width=”180″ thumb_height=”90″ popup_width=”800″ popup_height=”500″ popup_effect=”none” popup_interval=”5″ popup_enable_filmstrip=”1″ popup_filmstrip_height=”50″ popup_enable_ctrl_btn=”1″ popup_enable_fullscreen=”1″ popup_enable_comment=”1″ popup_enable_facebook=”1″ popup_enable_twitter=”1″ popup_enable_google=”1″ watermark_type=”none” watermark_link=”0″]