Жито Маркети со кампањата за клуб на верни купувачи ја спроведува најголемата општествено одговорна активност
Еден значаен дел од развојната стратегија на Жито Маркети се однесува на воспоставување грижлив и пријателски однос кон граѓаните. Токму поради тоа Жито Маркети ја спроведува својата најголема општествено одговорна активност. Во сите 36 маркети лоцирани во дванаесет општини, се собираат средства за донирање.
Со оваа донација најголема досега, целта е да се помогне таму кајшто е потребно, но и преку вклучување на граѓаните да се поттикне нивниот придонес кон грижата за другите. Со спроведување на кампањата за клубот на верни купувачи чиј слоган е „Навика да добивам повеќе“ Жито Маркети овозможува за граѓаните да донираат за хумани цели а притоа и самите да користат бројни поволности во секојдневното пазарување.
Кампањата ќе се спроведува преку членување во Клубот на верни купувачи на Жито Маркети, членство со коешто се добива лојална картичка за достапност на големи попусти и промотивни акции. Клубот на верни купувачи нуди happyhour акции, дневни, викенд, неделни па се до месечни акции и уште многу други специјални промоции и изненадувања.
Член во Клубот на верни купувачи може да биде секој и со тоа да ја добие лојалната картичка во кој било Жито Маркет. Жито Маркети го плаќаат членството, а издвоените средства од членарината потоа ќе бидат наменети за донација во некоја од институциите избрани по препорака од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство. По нивна препорака се избира место за секој град одделно каде е најпотребно да бидат донирани средствата.
[Best_Wordpress_Gallery gallery_type=”thumbnails” theme_id=”1″ gallery_id=”7″ sort_by=”order” order_by=”asc” show_search_box=”0″ search_box_width=”180″ image_column_number=”5″ images_per_page=”30″ image_title=”none” image_enable_page=”1″ thumb_width=”180″ thumb_height=”90″ thumb_click_action=”undefined” thumb_link_target=”undefined” popup_fullscreen=”0″ popup_autoplay=”0″ popup_width=”800″ popup_height=”500″ popup_effect=”none” popup_interval=”5″ popup_enable_filmstrip=”1″ popup_filmstrip_height=”50″ popup_enable_ctrl_btn=”1″ popup_enable_fullscreen=”1″ popup_enable_info=”1″ popup_info_always_show=”0″ popup_enable_rate=”0″ popup_enable_comment=”1″ popup_hit_counter=”0″ popup_enable_facebook=”1″ popup_enable_twitter=”1″ popup_enable_google=”1″ popup_enable_pinterest=”0″ popup_enable_tumblr=”0″ watermark_type=”none” watermark_link=”0″]