Жито Маркети го отвори својот десетти маркет во Велес
Големото семејство на Жито Маркети доби проширување, во Велес беше отворен 10-тиот маркет. Со ова отворање, приказната за растењето од една локална продавница во ланец со супермаркети, продолжува таму од каде и започна создавањето на денес веќе успешниот малопродажен бренд.
На површина од 240 метри квадратни, маркетот ги нуди сите поволности и бенефиции потребни на современиот македонски потрошувач, додека квалитетот на производите и услугата на персоналот ќе бидат во согласност со високите стандарди на компанијата.
Секако, оваа приказна не завршува тука – во план е понатамошно проширување, со цел да се покријат сите градови низ Македонија.
Отворањето на десеттиот Жито Маркет во Велес, се одбележа со бројни изненадувања за посетителите на првиот работен ден и истиот донесе девет нови вработувања во Велес.