Пилешко, рецепти, Состојки

Рецепт за највкусните пилешки уштипци

Брз и вкусен ручек…

СОСТОЈКИ:

 

  • 150 – 200 гр пилешко бело месо
  • 1 кромид
  • 1 јајце
  • сол, бибер, мелен црвен пипер, лук, магдонос
  • масло
  • 3-4 компири
  • 1 чаша сок од домати

Рецепт за највкусните пилешки уштипци

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

 

  1. Пилешкото исечете го на мали коцки и ставете го во длабок сад. Додадете рендан кромид и рендан компир. Скршете го јајцето, додадете зачини. Добро измешајте.
  2. Загрејте го маслото во тава, па со лажица вадете уштипци и пржете ги од двете страни. Кога се ќе се испржат, повторно ставете ги уштипците во тавата заедно и прелијте ги со сок од домати и посипете со магдонос. Покријте и оставете да крчка уште 5 минути.