Кога еднаш ќе подготвите компир на овој начин, ќе го правите секогаш…
СОСТОЈКИ:
- маслиново масло
- 1,5 кг млад компир
- две или три чешниња лук
- две суви лути пиперки
- 100 гр сланина Пекабеско
- четири јајца
- мајчина душица, босилек
- сол, бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Младите компири убаво измијте ги, па варете десетина минути во посолена зовриена вода за малку да омекнат.
- Потоа исцедете ги и префрлете ги во плех. Додадете цели чешниња лук, исечкани лути пиперки и ситно сечкана сланина.
- Посолете, побиберете, зачинете со мајчина душица и босилек, прелијте со маслиново масло и печете во рерна на 200 степени 25 минути. Во меѓувреме испржете ги јајцата на око, па послужете ги со компирите.