Пилешко, рецепти, Состојки

Пилешко во сос од кромид – брз ручек

Вкусен ручек од пилешко во сос од кромид.

СОСТОЈКИ:

 

  • 2 главици кромид
  • 3 пилешки гради
  • 2 шолји говедска супа
  • 100 гр рендан кашкавал
  • 1/3 чаша маслиново масло
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажички балсамико оцет
  • 1/2 лажичка мајчина душица
  • 1/2 лажичка сушена жалфија
  • сол и бибер по вкус

    Пилешко во сос од кромид – брз ручек

 

 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

 

  1. Кромидот се сечка, се посолува и се пржи во тава. Пилешкото исечете го на големи коцки, зачинете го и посипете го со маслиново масло. Кога ќе се испржи кромидот, додадете балсамико и динстајте уште неколку минути. Извадете го кромидот, а во истата тава пропржете го месото. Потоа извадете го месото во чинија, а во истата тава ставете ја супата, додадете брашно, сол и бибер. Крчкајте околу 5 минути. Вратете го кромидот, промешајте, а потоа и пилешкото. На крајот додадете го кашкавалот и печете во рерна на 180 степени додека кашкавалот не се растопи.

 

Добар апетит!