Со голема чест и задоволство Ви најавуваме уште едно значајно проширување на нашето семејство – Жито маркети го отвора својот 80-ти маркет во Македонија, и тоа во прекрасниот град Охрид!
Ова јубилејно отворање не претставува само нова локација, туку и симбол на довербата што нашите купувачи ни ја укажуваат веќе долги години. Благодарение на вашата доверба, денес успешно функционираме со 80 маркети низ целата земја, и со задоволство можеме да кажеме дека секој маркет е дел од секојдневието на илјадници семејства.
🛒 Новата продавница во Охрид е дел од Охрид Mall, дизајнирана според највисоки стандарди, со модерен изглед, пријатна атмосфера и широк асортиман на производи – од секојдневни намирници, свежо овошје и зеленчук, до домашни и увозни деликатеси.
🎉 Отворање со промоции и дегустации
По повод јубилејното отворање, на денот на свеченото отворање посетителите ќе имаат можност да уживаат во:
Вкусни дегустации на домашни и странски производи!
Специјални промоции и попусти!
Пријатни изненадувања подготвени со љубов за нашите купувачи!
Поканети сте сите заедно да го прославиме овој важен момент. Нашата мисија отсекогаш била да бидеме блиску до купувачите, со постојано добри цени, свежи производи и одлична услуга – и тоа нема да се промени.
📍 Каде и кога?
🗓 28ми мај (среда)
⏰ Почнуваме во 14:30 часот
📌 Улица 7ми Ноември (Охрид Mall)
💙 Ви благодариме за поддршката низ годините – заедно го славиме овој важен јубилеј! Жито маркети – Секогаш верни на вас!