Во сад соединете ги путерот и шеќерот. Додадете ги екстрактот од ванила и брашното и продолжете со мешање. Потоа додадете го кондензираното млеко и чоколадото.
Од добиеното тесто оформете топчиња од кои ќе направите бомбици во форма на јајца. Оставете ги да замрзнат.
Растопете го белото чоколадо, раздвојте го во неколку сада и во секој додадете различна прехранбена боја. Бомбиците потопете ги во белото чоколадо, декорирајте по желба и оставете да се исушат.