Го започнавме Октомври со уште едно проширување на нашиот ланец на супермаркети. Овој пат, општина Бутел го доби вториот супермаркет Жито. На површина од 600 метри квадратни, со сопствен паркинг простор и четири наплатни каси, овој маркет ќе ги понуди сите погодности неопходни за современиот македонски потрошувач.
Свеченото сечење на црвената лента беше од страна на Градоначалникот на Општина Бутел, Г-дин Петре Латиновски и Генералниот директор на Жито маркети, Г-дин Далибор Ѓошевски.
Според димензиите, овој е еден од поголемите наши објекти кој покрај вообичаениот асортиман на производи ќе понуди и свежи месни производи од месарница ЦВЕМЕС, свежо овошје и зеленчук, како и производи од бела техника. Со новоотворениот маркет се овозможени нови 20 вработувања.
На денот на отворањето за купувачите беа достапни голем број промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратисни производи. Работно време на маркетот ќе биде седум дена во неделата и тоа – од понеделник до сабота од 07.00 до 21.00ч, додека во недела маркетот ќе работи до 13.30ч.