„Жито Маркети“ на 18.07 отвори малопродажен маркет во Куманово

„Жито Маркети“ на 18.07 отвори малопродажен маркет во Куманово

„Жито маркети“ на 18.07 отвори малопродажен маркет во Куманово. Во присуство на менаџментот, голем број на деловни пријатели и гости, како и граѓаните на Куманово, на свеченоста беше пресечене лента и означен почетокот на работата на новиот маркет во градот.

zito-marketi-1

Маркетот се простира на површина од 200 м2 + 50 м2 магацински простор, располага со 2 каси, широк асортиман на производи и месара.

„Среќни сме што повторно ќе можеме секојдневно да ги задоволуваме потребите на нашите верни потрошувачи во Куманово. Широкиот асортиман од домашни и странски производители, многубројните акции, најдобрите цени, квалитетната услуга, како и до сега ќе бидат наша предност. Оваа година е од особено значење за „Жито маркети“, година која одбележува 30 години од постоењето на компанијата. Во знак на јубилејот спроведовме повеќе промотивни активности, а најголем дел од нив посветивме на нашите најлојални потрошувачи, членови на клубот на верни потрошувачи. Драго ни е што и кумановчани ќе бидат дел од сите тие бројни промотивни активности на „Жито маркети“, – изјавија од менаџментот.

zito-marketi-2

Отворањето на новиот „Жито маркет“ во Куманово ќе обезбеди нови 11 вработувања.

Новиот трговски дуќан се наоѓа на улицата „Октомвриска Револуција“, бр.1/1, во просториите на поранешната продавница „Промес“.

zito-marketi-3

zito-marketi-4

zito-marketi-5

zito-marketi-6

zito-marketi-7