СРЕЌНА РОДЕНДЕНСКА СРЕДА!

СРЕЌНА РОДЕНДЕНСКА СРЕДА!

Под наслов “Среќна роденденска среда” изминатата година три Жито маркети го прославија својот јубилеен 10ти роденден. На 18.12.2019год. роденденот го одбележаа Жито Точила Прилеп и Жито Илинден Скопје, а на 25.12.2019год. прославата продолжи во маркетот Жито Виница.

Во фокусот на јубилејните родендени беа сите верни купувачи на Жито Маркети за кои подготвивме специјални понуди на производи по намалени цени, како и подароци и дегустации на производи од повеќе брендови. Најлојалните купувачи на секој од јубилејните маркети добија вредни награди во знак на благодарност и признание за нивната лојалност и поддршка на Жито Маркети.

Голема благодарност до тимовите од маркетите Жито Виница, Жито Точила и Жито Илинден кои безрезервно вложуваат енергија и љубов во тоа што го работат и кои допринесоа за реализација на настаните. Благодарност и до нашите верни соработници Витаминка, Винчини, Прилепска пиварница, Кожувчанка и Вемилк кои ја дадоа својата поддршка.