Здружението “Свет на различни, а еднакви” по 4ти пат го организираше уникатниот тридневен меѓународен драмски фестивал “Игри без маска” кој е единствен на Балканот од овој карактер.
Овој настан претставува повик за соживот и извлекување на лицата со попреченост од секаков вид изолација, негување на нивниот потенцијал и унапредување на нивниот квалитет на живот.
Жито Маркети беа горди пријатели на овој настан и безрезервно ја дадоа својата поддршка. Од срце!






