Првиот Жито Дисконт отворен во Гостивар

Првиот Жито Дисконт отворен во Гостивар

Гостивар

Чест ни е, и задоволство да ја објавиме веста за отворањето на првиот Жито Дисконт во Гостивар. Од 4ти јануари, 2014 година, на граѓаните на Гостивар им е овозможена одлична услуга, врвен квалитет и најпристапни цени!

На површина од 450м2, со обезбеден сопствен паркинг простор Жито Дисконт е лоциран во централното градско подрачје. Нашиот 32-ор маркет низ Македонија овозможи 20 нови работни места за граѓаните на Гостивар – кои ќе имаат чест да бидат дел од нашето големо семејство.

На свеченото отворање бевме почестени со присуството на голем број граѓани на Гостивар, жители од околните населени места, како и претставници на коминтентите и партнерите со кои соработуваме.

Се надеваме дека Жито дисконтот ќе биде омиленото место за пазарење на граѓаните на Гостивар, каде што ќе можат да ги задоволат своите потреби и посебните вкусови со голема заштеда. Многубројните акции и промоции секојдневно го потврдуваат нашиот препознатлив концепт кој секогаш ги позиционира купувачи на прво место.

Ве очекуваме!