Втор роденден Жито Ване

2 Роденден Жито Ване

 

По повод вториот роденден на Жито Ване, на 21ви декември 2013 година на просторот пред маркетот беше организиран голем шестчасовен хепенинг.Најмалите уживаа во забавата со кловнови и Дедо Мраз, а додека пак повозрасните беа пријатно изненадени со многубројните акции и гратиси, како и со вкусна скара и греано вино. За забавата да биде во одлично расположение се погрижија видни музичари од Велес и македонската музичка ѕвезда Благоја Грујоски.Роденденскиот хепенинг заврши со спектакуларен огномет кој ги заокружи 2те години беспрекорно работење и услуга кон нашите верни купувачи.

Ви благодариме на довербата!

Коментари