Прв Жито Дисконт во нас. Драчево!

Прв Жито Дисконт во нас. Драчево!

Малопродажниот ланец Жито Маркети на 29ти октомври, 2014г. гиотвори вратите насвојот најнов продажен објект во скопската населба Драчево, на површина од околу 200 метри квадратни.

Новиот маркет е  лоциран е на улицата Иван Хаџиниколов 20 (поранешната улица Ратко Митровиќ), има сопствен паркинг, а ќе функционира со две наплатни каси. Овој објект на Жито Маркети во скопската населба Драчево ќе овозможи осум нови вработувања.

На денот на отворањето за купувачите беа достапни голем број промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи.

Работно време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07.00 часот до 21.00 часот, додека во недела и во празнични денови, маркетот ќе работи од 08.00 до 14.00 часот.