7 дена прослава за 7-от роденден на Жито Ване

7 дена прослава за 7-от роденден на Жито Ване

Во периодот од 17.12.2018 до 23.12.2018 го прославивме 7-от роденден на маркетот Жито Ване во Велес. За нашите верни купувачи подготвивме флаер наменет само за овој маркет, флаер кој траеше една седмица и на нашите купувачи им понуди многубројни продажни акции од типот 1+1, 2+1 гратиси и многу намалени цени на висококвалитетни производи. Исто така, во флаерот беше опфатена и акција со -15% попуст на сите производи од брендовите Metalac, Burdem и Дијаманти на широкиот асортиман на детски играчки, за сите лојални корисници на клуб картичка.

На нашите купувачи им подготвивме и бројни подароци како дел од тркалото на среќа кое стартуваше секој ден од 12.00ч. и траеше до 18.00ч. Секој купувач со сметка над 1000ден. доби можност да го сврти тркалото на среќа и да добие подарок од Жито маркети. Покрај подароците од тркалото на среќа, секој ден за највисокота сметка со клуб картичка доделувавме детски трицикл.

Не ги заборавивме и најмалите, најмилите дечиња. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници за нив овозможивме дружба со Веселиот Дедо Мраз, секој ден од 14.30ч до 16.30ч. Во тој период тие можеа да се сликаат со Дедо Мраз пред големата елка и да добијат сладок подарок од неговата торба.

На 18.12. вторник гости во Жито Ване беа добро познатите ДНК. Бројните обожаватели од помладата генерација и купувачите имаа можност да пазаруваат и другаруваат со музичките ѕвезди и да добијат примерок од нивниот последен албум со автограм.

21.12 петок, беше ден резервиран за вкусни сендвичи и уште подароци за нашите верни купувачи. Во текот на целата недела се одржаа бројни дегустации и презентации од познати брендови, на кои искрено им се заблагодаруваме за присуството. Купувачите можеа да пробаат разни производи на Еко Шар, Бако, Краш, Лино, Харибо, Агро Фила, Нескафе…На 22.12, сабота, наши гости беа маскотите Лино, Харибо и Монте и за најмалитеорганизиравме Face Paint, активност која продолжи и во текот на наредниот ден.

Ви благодариме што бевте дел од прославата за 7-от роденден на Жито Ване!

жито ване жито ване 2 жито ване 3 жито ване 4 жито ване 5 жито ване 6