Во сабота 28 септември во присуство на менаџментот на компанијата , многубројни деловни партнери, и секако лојални купувачи од Велес,започна со работа новиот ,ексклузивен, 15ти по ред ЖИТО МАРКЕТ во општина Велес а вкупно 58ми во земјава.
Лоциран е на ул. Оливер Китановски бр.1, односно во близина на Гимназијата на вкупна површина од 590м2 на два ката со вкупно 20 вработени .Внатрешно и надворешно објектот е обновен и преуреден во целост, со што доби нов и префинет изглед.
Овој маркет е модерен спој од два дела кои како целина ќе им понудат поинакво искуство на своите посетители.
Во првиот дел, потрошувачите ќе најдат широк асортиман на производи како и во останатите Жито маркети вклучително и пиљара, свежо печени пекарски производи, печено пиле.
Вториот кат , е современо и пријатно катче во кое ќе најдете се’ за Вас и Вашиот дом- кујнски прибор, постелнина, текстил, играчки, книги, домашен декор, предмети за домаќинство, од познати домашни и странски брендови.
Работно време/ ПРИЗЕМЈЕ: пон-саб 07:00-21:30 и недела 07:30-21:00. КАТ: пон-саб 08:00-21:00 и недела 08:00-15:00.
Изјава од менаџментот
Нашата ЖИТО приказна започна во 1988година токму во Велес. Овојпат почувствувавме потреба да направиме дополнителна понуда за нашите купувачи , нови содржини по што ќе се разликува овој маркет од останатите.
Со посебно внимание и љубов се потрудивме да создадеме едно катче за граѓаните почнувајќи од визуелниот изглед , внатрешниот амбиент ,различниот и богат асортиман. Задоволството е уште поголемо кога нашите граѓани оставаат позитивен коментар дека тие имаат еден од најубавите објекти во централното градско подрачје каде ќе имаат можност со задоволство да пазаруваат.
Со почит
ЖИТО МАРКЕТИ