На 25.09.2013 година во присуство на голем број граѓани и деловни пријатели беше поставен камен темелник на новиот станбено деловен објект во центарот на Гевгелија на површина од 8700 м2.
Целокупниот комплекс изобилува со атрактивни станбени решенија, и импресиониран визуелен изглед на сите 6 ката , посебно на самото поткровје каде се предвидени посебни 4 суперлуксузни апартмани со поглед кон цела Гевгелија .Приземјето е предвидено за модерен супермаркет на површина од 870 м2.На овој начин се создаваат услови за присуство на Жито маркети и на подрачјето на општина Гевгелија.Се надеваме дека проектот ќе биде завршен во предвидениот период како би можеле граѓаните на Гевгелија што поскоро да ги почуствуваат бенефитите од работењето на Жито супермаркетот.