Отворен Жито маркет и во Ченто
„Жито” на 13.12 сабота – го отвори првиот маркет во општина Гази Баба, во населба Ченто, на улицата „Маџари” бр. 47.
Маркетот се простира на 400 квадратни метри, со посебни оддели за овошје и зеленчук, месарница, пекарница, како и оддел за бела техника. За квалитетот на услугата се грижи тим од 18 вработени, а маркетот располага со три наплатни каси и сопствен паркинг-простор.
Работевме многу напорно да го отвориме овој супермаркет и подготвени сме да ги задоволиме потребите на нашите купувачи, нудејќи им квалитетна услуга и производи по ниски цени. Ниските цени се одлична можност за побогата трпеза за време на новогодишните празници, изјави Далибор Ѓошевски, генерален извршен директор на маркетите „Жито”.
Првиот супермаркет „Жито” беше отворен во 1988 година во Велес, а денес во рамките на синџирот има 42 маркети низ целата држава, со над 600 вработени.