На 26.07.2017 Жито Маркети го отворија својот втор маркет во Битола, вкупно 53-ти во Македонија. Новиот маркет се наоѓа на улица Леринска, брoj 41, во населбата Областа, во близина на касарната.
Маркетот е распространет на површина од 450 м2, со две наплатни каси, месара, паркинг и со тим од четиринаесет вработени.
Покрај големиот број презентации и дегустации, акции на топ продаваните производи и изненадувања за сите посетители, на отворањето граѓаните можеа да аплицираат и за Лојалната картичка на Жито Маркети под слоганот „Навика да добивам повеќе”, што на купувачите им овозможува дополнителен бенефит при пазарењето.
Новиот маркет е отворен седум дена во неделата, со работно време од 07,30 до 21,00 часот од понеделник до сабота, а во недела од 07,00 часот до 15,00 часот.