Жито Маркети стартува нова наградна игра
Жито Маркети ја стартува својата втора наградна игра годинава. Националниот малопродажен синџир, овој пат, наградната игра ја спроведува под слоганот “Биди лојален, биди награден!” и започна на 01 ноември, а ќе трае 45 денови, односно до 15 декември, 2022 година. Наградниот фонд изнесува над два милиони и сто илјади денари и вклучува телевизори, мобилни телефони, вредносни ваучери и потрошувачки картички. Главните награди се три потрошувачки картички од по 100.000,00 денари, а како круна на наградниот фонд е потрошувачка картичка во висина од 250.000,00 денари. Во наградната игра, право на учество имаат сите коишто имаат лојална Жито Клуб картичка.
“Се одлучивме да ја стартуваме втората наградна игра годинава од две причини: првата, затоа што ова ни беше зацртано во годишниот план, но втората причина, многу поважна, е затоа што имавме одлична повратна информација од нашите потрошувачи од наградната игра која ја организиравме летово. Оваа наградна игра практично значи дека ние не само што ќе се обидеме да ги растовариме во некоја мерка буџетите за пазарење на добитниците на ваучерите и особено на потрошувачките картички, туку и дека низ процесот на начинот на учество, многу производи од потрошувачката кошничка ќе бидат со пониски и акциски цени, за оние коишто ја имаат лојалната Жито Клуб картичка.”, велат одговорните од Жито Маркети.
Во Правилата за учество на наградната игра се потенцира дека за секоја фискална сметка во минимален износ од 300,00 денари или со купен производ кој што е внесен во листата на производи кои носат учество во наградната игра, потрошувачот ќе добие еден поен кој системски ќе биде регистриран на неговата Жито Клуб картичка. Со собрани 10 поени потрошувачот ќе добие награден купон и со овој купон има право на едно учество во наградната игра. Потрошувачите можат да учествуваат во наградната игра со неограничен број на купони. Уредно пополнетите купони се ставаат во посебно означени кутии наменети за собирање купони, поставени во секој објект на Жито Маркети. Основен услов за учество во наградната игра “Биди лојален, биди награден!” е потрошувачот да поседува лојална Жито Клуб картичка. Оние кои не ја поседуваат, лојалната Жито Клуб картичка можат едноставно да ја извадат во најблискиот Жито маркет.
Извлекувањето на наградите е предвидено да се реализира на голема забава на отворено, на 24 декември, 2022 година, непосредно пред Управната зграда на компанијата и маркетот Жито Ване, во Велес. Жито Маркети на сите ценети купувачи им посакуваат пријатно пазарење и многу среќа во наградната игра “Биди лојален, биди награден!”.
За повеќе информации околу наградната игра, правилата, фондот на награди и сите останати детали, проверете на линкот: https://zito.com.mk/bidi-lojalen-bidi-nagraden.