Велес
Posted 2 недели ago

Главни одговорности

Како Специјалист за планограми и категори менаџмент, ќе бидеш вклучен/а во планирање, анализа и оптимизација

на категориите на производи, со цел подобра искористеност на продажниот простор, јасна визуелна поставеност и

зголемување на продажните резултати.

Твоите главни одговорности ќе вклучуваат:

  • Планирање, анализа и управување со категории на производи;
  • Изработка, ажурирање и оптимизација на планограми;
  • Анализа на продажба, профитабилност и перформанс по категорија, артикл и продажен простор;
  • Дефинирање на позиционирање на производите согласно категори стратегија;
  • Оптимизација на простор, должина на рафтови и изложеност на артикли;
  • Следење на имплементацијата на планограмите во маркетите;
  • Анализа на ефектите од поставеноста на производите и предлагање подобрувања;
  • Соработка со секторите Комерција, Маркетинг, и Продажба;
  • Предлагање решенија за подобрување на продажбата, визуелната стандардизација и купувачкото искуство.

Потребни квалификации

  • ВСС – економија, менаџмент, маркетинг или сродна област;
  • Претходно искуство во категори менаџмент, планограми, retail анализи или сродна област ќе се смета за предност;
  • Искуство со SpaceMan или друг space planning софтвер;
  • Искуство со AutoCAD ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање на Excel и аналитички алатки;
  • Способност за анализа на податоци и носење заклучоци врз основа на резултати;
  • Добра организација и способност за работа со повеќе категории истовремено;
  • Ориентација кон резултати, прецизност и проактивност;
  • Способност за соработка со повеќе сектори и јасна комуникација.

Ние нудиме

  • Можност за кариерен раст и професионален развој;
  • Работа на значајни проекти поврзани со продажба, категори менаџмент и визуелна стандардизација;
  • Обука, менторирање и редовна евалуација;
  • Обезбеден превоз и топол оброк;
  • Конкурентна плата и бонуси;
  • Ваучер за склучен брак;
  • Пакет за новороденче;
  • Роденденски подарок;
  • Пакет производи за големите верски празници;
  • Роденденски подарок за деца до 5 години.

Apply Online