Жито Маркети, од 5ти септември, со старт од населба Илинден, Скопје, го продолжува успешниот караван „Награди за насмевки“.
Во текот на наредните месеци, караванот секоја сабота од 10.00 до 15.00 часот ќе ги посетува сите општини каде што е лоциран најголемиот ланец на супермаркети.
Новитет за оваа сезона се мини караваните што ќе се одржуваат секој вторник и четврток во различен Жито Маркет и ќе понудат големи поволности за потрошувачите.
„Огромната заинтересираност која владееше поради пролетниот караван „Награди за насмевки“, одличната посетеност на сите организирани настани, но пред се големите бенефиции што нашите купувачи одлично ги искористија е главната причина поради која овој караван го приредуваме повторно, со тенденција да прерасне во традиција.
Богатата програма што ќе опфати различни интересни активности како и атрактивните цени на производи е само мал дел од она што ќе им го понудиме на посетителите во есенскиот караван“ – изјави Стојанче Тодороски, маркетинг директор во Жито Маркети.
Големата понуда на производи по акциски цени, можноста да се заврти добропознатото тркало на среќата и да се освои вредна награда, забава, музика, дегустации и изненадувања за посетителите, како и специјалното катче за анимирање на најмладите, продолжуваат и овој пат, со подобрен концепт и подинамично темпо.