Нашата компанија верува дека секој потрошувач заслужува повеќе, благодарност и искрена насмевка. Затоа „Жито Маркети“ ја започнува кампањата ” НАВИКА ДА ДОБИВАМ ПОВЕЌЕ “
Активноста има за цел да им додели подароци на лојалните потрошувачи кои купуваат производи од приватните брендови на Организаторот преку систем на собирање поени преку Жито Клуб картичка.
„ Премиум бенефиции за лојалност – ” НАВИКА ДА ДОБИВАМ ПОВЕЌЕ “
1.Активноста се реализира во период од 16.02.2026 до 29.03.2026
Право на учество има секое физичко лице кое:
- е корисник на Жито Клуб картичка, и
- во периодот на активноста купува производи што учествуваат и ја скенира Жито Клуб картичката на каса.
Учеството се евидентира исклучиво преку системот на лојалност на Организаторот.
Не се прифаќа рачно внесување на фискални сметки.
Во активноста не можат да учествуваат вработени кај Организаторот и/или нивни најтесни членови на семејството.
4. Производи што учествуваат
Во активноста учествуваат производи од приватните брендови на Жито Маркети:
- Mayonice
- Tradiko
- 5ка
Листата на производи што учествуваат е дефинирана во интерниот систем на Организаторот и важи согласно нивната класификација како приватни брендови.
5. Начин на собирање поени
Поените се доделуваат исклучиво при купување на производи што учествуваат и при скенирање Жито Клуб картичка на каса.
Пресметка на поени
- За секои 500 денари потрошени се доделуваат 1 поен (последователно)
- За секој купен производ од приватните марки добивате 1 поен – освен артиклите кои се рефус, за кои добивате 1 поен на 250гр (4 поени за 1кг)
Напомена за пресметка: Поените се доделуваат автоматски преку системот на Организаторот.
6. Ажурирање на податоци на Жито Клуб (валидност за подароците)
Поради потреба од ажурирање на базата на податоци, за да може учесникот да биде валиден добитник на подарок, потребно е неговиот профил на Жито Клуб да содржи најмалку следни информации (ажурирани/точни):
- Име и презиме
- Град/место
- Мобилен телефон
Ажурирањето може да се изврши преку каналите кои Организаторот ќе ги објави (во маркет, веб форма/QR, или други официјални канали на Организаторот)
7. Критериум за рангирање и решавање изедначување Рангирањето за главните подароци се врши според вкупен број поени. Во случај на изедначен број поени, предност има учесникот кој:
- има поголема вкупна вредност на купувања од производи од брендовите што учествуваат, а доколку и тоа е изедначено,
- има поголем број трансакции со производи од брендовите што учествуваат во периодот на активноста, а доколку и тоа е изедначено,
предност има учесникот кој прв го достигнал тој број поени (според системска евиденција).
8. Преглед на поени
-
Учесниците ќе имаат преглед на собраните поени, транспарентно, на официјалната веб страна на Жито Маркети.
Како до проверка на поените:
9. Објава на добитници и контакт
Добитниците на главните подароци ќе бидат објавени на официјалните канали на Организаторот (веб и/или социјални медиуми) со следни податоци:
- Број на Жито Клуб картичка,
- име,
- град.
Добитниците на подароците ќе бидат објавени на 01.04.2026
Организаторот ќе ги контактира добитниците и директно преку достапните контакт податоци во профилот.
10. Преземање на подароци
Добитниците на подароците се должни да го преземат подарокот во рок од 1 месец од објавата на добитниците на подароци. Подароците можат да ги подигнат од продажните објекти на Жито Маркети, со приложување на документ за идентификација (за потврда на идентитет)и клуб картичка.
Доколку добитник не може да се контактира или не го преземе подарокот во предвидениот рок, Организаторот има право да го додели подарокот на следнорангиран учесник.
11. Заштита на лични податоци
Личните податоци на учесниците се обработуваат за целите на:
- функционирање на програмата Жито Клуб,
- евиденција на поени,
- утврдување и контакт со добитници,
- реализација на подарци и купони,
- објава на добитници
Организаторот презема соодветни мерки за заштита на личните податоци и ги користи согласно важечките прописи.
12. Завршни одредби
Овој правилник стапува на сила со денот на објавување од страна на Организаторот. Организаторот задржува право на измена на правилникот исклучиво во случаи на oправдана потреба (технички/оперативни причини), при што измените ќе бидат соодветно објавени.