Новости

Јубилеен настан на Жито Маркети: Одбележување на традиција и лојалност

Во текот на повеќе од три децении, Жито Маркети се позиционираше како водечки ланец на маркети во Македонија, одржувајќи непрекината традиција на квалитет и иновативност. Со основањето пред повеќе од 35 години, компанијата постојано се шири и напредува, прераснувајќи во голема мрежа со преку 900 вработени, распоредени низ скоро сите градови низ земјата. Оваа бројка не само што говори за големината на компанијата, туку и за нејзиниот значаен придонес кон економијата и заедницата.

Она по што Жито Маркети се претпознатливи е негувањето и признавањето на лојалноста и посветеноста на вработените. Токму затоа, минатата недела во просториите на дирекцијата на Жито Маркети во Велес беше одржан јубилеен настан, на кој се доделија Јубилејни признанија на вработени кои се дел од компанијата веќе 10 и 20 години. Овој настан претставува симбол на благодарност и признание за нивниот труд, посветеност и лојалност кон компанијата.

Во Жито Маркети, секој вработен е важна алка на големото семејство. Компанијата верува дека успехот е резултат на заедничката работа и напори на сите нејзини членови. Во текот на нивното десет или дваесет годишно работно искуство, секој вработен има можност да напредува на повеќе позиции, демонстрирајќи ги своите вештини и страст кон работата. Ова не само што ги мотивира вработените да останат лојални на компанијата, туку и да се надминуваат себе сѝ секој ден, обезбедувајќи перфектна услуга кон купувачите.

Жито Маркети секогаш се стреми кон создавање на работна атмосфера во која вработените се чувствуваат вреднувани и мотивирани. Наградувањето на лојалноста и посветеноста не е само годишна традиција, туку и основен принцип на корпоративната култура. Ова ги охрабрува вработените да продолжат да го даваат својот максимум, знаејќи дека нивниот труд е виден и ценет.

Одбележувањето на јубилејот е повеќе од прослава; тоа е потврда за силните врски и заедништвото што постои во рамките на компанијата.