Во услови на енергетска криза и голем пораст на цените на пазарите на електричната енергија, Жито Маркети се приклучија кон глобалните мерки за штедење на енергенси, како и на релаизација на стратегијата за производство на струја од обновливи извори, поставувајќи фотоволтаици на своите објекти.
„Како одговорна компанија ние мора одговорно да се однесуваме кон предизвиците. Уште на почетокот на кризата се приклучивме кон мерките за штедење на енергенси, а лансиравме и наша Жито кампања, при што се обидуваме заеднички да ја поткренеме свеста за штедење и заеднички одговорно да се однесуваме кон енергенсите. Од друга страна, се одлучивме да инвестираме во сопственото производство на електрична енергија за сопствени потреби, со тоа што инвестиравме фотоволтаици со повеќе од 2MW моќност на повеќе наши објекти“,велат од менаџментот од Жито Маркети.
Во моментов, Жито Маркети веќе имаат поставено фотоволтаични системи на дел од своите објекти.
Во компанијата посочуваат дека енергетската криза треба да биде поттик и за останатите компании да се приклучат кон рационалното користење на енергенсите, како и да се приклучат, каде што е тоа изводливо, на глобалните трендови за сопствено производство на електрична енергија од обновливи извори.