Како и секој дом, како и секое семејство, потребно е да се постават здрави темели кои се предуслов за понатамошен успех и развој. Низ историјата успесите на ЖИТО секогаш биле базирани на цврсти вредности: одговорност, чесност, доверба и интегритет. Всушност во изминатите 30години од самото основање на компанијата овие вредности беа наш двигател кој ни го покажуваше патот по кој што треба да се движиме.
Денес кога се навраќам на почетоците, чувствувам обврска кон иднината и гордост кон минатото. Гордост за која е заслужен подеднакво секој наш купувач, сите Вие кои ни ја давате довербата цели 30години. Оттука произлегува и нашата обврска кон сите Вас, свесни дека патот до успехот е полн со тешкотии и препреки но и дека е уште потешко задржувањето на врвот. На укажаната доверба, секогаш и секаде сме излегувале во пресрет на сите оние на кои им била потребна нашата подршка. Сакам да ве уверам дека таа традиција и изградбата на ЖИТО како општествено одговорна компанија ќе продолжи во иднина. Наша должност е да бидеме најдобри во она што сме се определиле да го работиме. Од ден во ден, од недела во недела, макотрпно работиме да го направиме ЖИТО среќно семејство на што е можно поголем број на граѓани.
Убеден сум дека со ваша подршка ќе успееме во тоа.