Почитувани потрошувачи Ви благодариме на големиот интерес и одзив за кампањата за најевтини производи која Жито Маркети ја стартуваше на 25-ти април.
Среќни сме за тоа што ги препознавте вредностите и позитивно ја оценувате оваа кампања која по барање на купувачите сега се проширува во „Барај бренд, купувај најевтино“ и ќе ги вклучи најпознатите и најбараните производи и брендови.
– Искажаната доверба во досегашната кампања “Барај домашно купувај најевтино” која се однесуваше на Жито Маркети како домашен ланец на супермаркети ќе ја продлабочиме и преименуваме во “Барај бренд, купувај најевтино” велат од менаџментот на Жито Маркети.
Во оваа наша кампања со трајно намалување се вклучени над петстотини производи.
Драги наши купувачи покрај оваа активност која е во рамките на одбележувањето на 35 години од постоењето на Жито Маркети, на наше огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека започнуваме и со други промоции и наградна игра „Чекор до златна добивка“ која веќе започна од 15-ти мај и ќе трае до 15-ти септември.
Ние во Жито Маркети и понатаму остануваме целосно посветени на задоволувањето на потребите на нашите верни купувачи. Како тим одговорно тврдиме дека ќе продолжиме да чекориме по патот со јасна цел, а тоа е зајакнување на Вашата доверба во нашите понуди и нашата компанија, бидејќи тоа е вистински пат за заеднички успеси!