Новости

Отворена нова продавница на Жито Маркети во Велес

Жито Маркети со задоволство објавува дека го започнува месец Mај со својата најнова продавница на плоштад „Којник“ во Велес. Просторот, кој е распределен на две нивоа со вкупна површина од приближно 140 метри квадратни, е внимателно дизајниран за да одговори на потребите на жителите на оваа област.

Новата локација овозможува на жителите од Велес и околината да го направат своето секојдневно пазарење блиску до дома, нудејќи исклучително разновиден асортиман од различни категории производи. Во збогатениот асортиман се вклучени и производи од нашиот реномиран приватен бренд, 5ка, сè по најповолни цени.

„Оваа нова продавница е сведоштво за нашата непрекината посветеност кон обезбедување на квалитетна услуга и удобност за нашите клиенти. Секогаш се стремиме да ги задоволиме и надминеме очекувањата на нашите потрошувачи со понуда на широк асортиман на производи и специјални промоции“, изјавија од менаџментот на Жито Маркети.

Продавницата располага со две наплатни каси за оптимална ефикасност и удобност на купувачите. Работното време е од понеделник до сабота, од 07:30 до 21:30 часот, додека недела останува неработен ден.

Жито Маркети останува посветен на негувањето на силна врска со своите купувачи, нудејќи бројни понуди и подароци кои го одразуваат нашето признание за нивната лојалност.