Последна шанса за Италија! До 15 јули учествувајте во наградната игра „Со Жито Маркети во Италија“
Времето за учество полека истекува, а шансата да ја освоите една од најатрактивните летни награди сè уште е во ваши раце.
Наградната игра „Со Жито Маркети во Италија“ влегува во својата завршна фаза, а сите потрошувачи имаат можност да учествуваат до 15 јули и да си ги зголемат шансите за освојување на некоја од преостанатите вредни награди.
Во главното извлекување ве очекуваат:
• 20 MIGLIORI скутери
• 6 ваучери за патување за двајца во Италија, во вредност од 1.500 евра
• 60 Ariete апарати за домаќинство
• 60 ваучери за пазарување во Жито Маркети во вредност од 3.000 денари
Учеството е едноставно. Со секои 500 денари на сметката добивате 1 поен, а со купување на означените производи и брендови добивате дополнителни поени. За секои 15 собрани поени, добивате купон за учество во извлекувањето, кој потребно е да го потпишете и да го оставите во означените кутии во маркетите. За учество е задолжително користење на Жито Клуб картичката.
Доколку веќе учествувате, сега е вистинскиот момент да соберете уште повеќе поени и да ги зголемите вашите шанси за добивка. Доколку сè уште не сте се вклучиле, остануваат уште неколку дена да станете дел од најголемата летна наградна игра на Жито Маркети.
Покрај редовните поени од пазарувањето, бројни означени производи и брендови носат дополнителни поени, со што уште побрзо можете да стигнете до нов купон за учество.
Сите информации за правилата на наградната игра, производите што носат дополнителни поени и начинот на учество се достапни на:
Не ја пропуштајте последната можност ова лето токму вие да бидете следниот добитник на MIGLIORI скутер, патување во Италија, Ariete апарат или ваучер за пазарување.
Со секое пазарување, чекор поблиску до Италија.