✔ 100% свежо месо, секој ден
 ✔ Произведено и обработено според највисоки стандарди
 ✔ Конкурентни и достапни цени за секое семејство
 ✔ Стручна и љубезна услуга 
– месарите секогаш се тука за вашите потреби и совети

Во срцето на секој добар оброк стои добар избор на месо. Токму затоа, во Жито Маркети создаваме месара која не е само точка за набавка – туку вистинска дестинација за љубителите на квалитетна, свежа и вкусна храна.

Кога се работи за месо – не правиме компромиси. Сакаме најдоброто за нашите потрошувачи, и токму тоа го нудиме. Секој ден се снабдуваме со свежо месо од проверени и реномирани компании како Лудогорско Пиле, Подгорка и компанија Атанасовски. Квалитетни брендови познати по својата долгогодишна традиција во одгледување и производство на свежо месо по највисоките стандарди за безбедност и квалитет.

Секогаш свежо. Секогаш со вас.