ЖИТО МАРКЕТИ со трет супермаркет во Кочани

ЖИТО МАРКЕТИ со трет супермаркет во Кочани

Компанијата Жито Маркети на 28.02.2015г. го отвори својот нов супер маркет, трет по ред, во Кочани. Маркетот се наоѓа на самиот влез од градот, на ул. Павлина Вељанова бр. 11 и се простира на површина од 225 м2, а поседува и магацин од 100 м2 и свој паркинг. Во овој малопродажен објект што спаѓа во групата на супер маркети работи екипа од 10 луѓе на 2 наплатни каси.

На денот на отворањето на супер маркетот, за присутните имаше голем број подароци, промоции и попусти а оние кои ја имаа Жито лојална картичка „Навика да добивам повеќе“ искористија и дополнителни бенефиции.

Работно време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07,00 часот до 21,00 часот, додека во недела, маркетот ќе работи од 08,00 часот до 14,00 часот.