Жито маркети со покровителство за ”Социјална и етничка интеграција преку спортот – Спортски бонтон”

Жито маркети со покровителство за ”Социјална и етничка интеграција преку спортот – Спортски бонтон”

Горди сме да изјавиме дека Жито маркети со спонзорство го поддржа проектот на Геостратешки институт Глобал под името ‘’Социјална и етничка интеграција преку спортот – Спортски бонтон’’.

За поздравување е идејата за враќање на вистинските вредности на детството, социјализација на младите преку разни традиционални спортски игри кои во новото време се подзаборавени.

Овој проект се одвива во повеќе општини низ цела територија на Р.Македонија со цел социјална и етничка инклузија на младите преку спортот како средство за социјализација на луѓето и можност за одржување на мултиетничноста и мултиконфесионалноста на нашата држава.

Посебна чест и задоволство ни претставуваше стартот на овој проект, чијашто локација беше во нашиот матичен град – Велес.

Погледнете ја галеријата од прекрасното дружење со дечињата на првиот настан на Спортски бонтон во Велес.