Жито маркети со кампања за помош на семејствата од Србија и Босна и Херцеговина

Жито маркети со кампања за помош на семејствата од Србија и Босна и Херцеговина

Жито маркети со кампања за помош на семејствата од Србија и Босна и Херцеговина

 

 Жито Маркети спроведе кампања за помош на семејствата од Србија и Босна и Херцеговина чии домови беа поплавени. Гледајќи што се случува во областите погодени од поплавите и трагедијата со која се соочија стотици семејства, тимот на Жито Маркети ја создадоа кампањата „Заедно да помогнеме“. Донаторската кампања беше креирана да ги вклучи и граѓаните и комитентите на Жито маркети преку нивни донации и да стане што помасовна а со тоа и помошта поголема.

Во сите Жито супермаркети се продаваа најлонски ќеси создадени наменски за донаторската акција како и чоколадни бонбони. Преку купување на ќесите и чоколадните бонбони со слоганот на кампањата, граѓаните и самите ја поддржуваа и донираа за оштетените семејства.

Во текот на кампањата активно се следеа и препораките на Црвениот Крст во однос на доставената помош и потребите од дополнителна помош. Со собраните средства е обезбедено амбулантно возило за Здравствениот дом во Крупањ.

Кампањата „Заедно да помогнеме“ е продолжување на хуманата акција на Жито Маркети, кои беа меѓу првите што испратија помош за семејствата згрижени од Црвениот Крст. Веднаш по поплавите, повеќе од 50 000 литри вода за пиење беа испратени преку хуманитарната акција на Македонија.

HA_1