ЖИТО МАРКЕТИ СЕГА И ВО СТРУМИЦА

ЖИТО МАРКЕТИ СЕГА И ВО СТРУМИЦА

30 годишната традиција на врвен квалитет и услуга продолжува. На 24.04. среда, компанијата “Жито” го отвори својот 58-ми малопродажен маркет, овојпат во Општина Струмица. Како и секогаш, на настанот присуствуваа голем број на деловни соработници, пријатели и жителите на Струмица. Со свечено сечење на лентата маркетот отпочна со работа во 11:00 часот.

Новиот маркет се простира на површина од 550м2 + 50м2 магацински простор. Располага со три наплатни каси, печењара и широк асортиман на производи кои се во согласност со потребите на потрошувачите. Отворањето на маркетот обезбеди 15 нови вработувања.

“Предизвикот го реализиравме, останува да ги оправдаме и исполниме очекувањата на струмичани и да продолжиме со она по што сме препознатливи- квалитетна услуга, професионален тим, најдобри цени.”- изјавија од менаџментот.

Денот на отворањето беше пропратен со бројни дегустациии презентации- Златен Даб, Харибо, Бако, Сандеј, Тиквеш, Винчини, Синалко, Јовита, а за нашите верни купувачи подготвивме бројни акции и подароци.

Жито маркетот во Струмица се наоѓа на ул. Браќа Миладинови, 36, населба Палестина (кај поранешниот салон на Симпо).

Работно време од понеделник до петок 07:30-21:30ч, недела и празници 07:00-15:00ч.