Жито маркети ја реализираа втората по ред донација од кампањата ”Навика да добивам повеќе”

Жито маркети ја реализираа втората по ред донација од кампањата ”Навика да добивам повеќе”

Жито Маркети преку својата кампања „Навика да добивам повеќе“ ја реализира втората по ред донација, овој пат во општата болница во Кичево. Во неонатолошкиот оддел од болницата беа доставени 2 редуцир вентили со манометар (комплет) за боци со кислород, 15 парчиња бебешки ќебенца и 50 комплети од тетра пелени и памучни пелени, додека во детското одделение беа донирани 50 комплети од чаршафи горни и долни со навлака за перници, 50 ќебиња за големи кревети и еден компјутер со принтер.

„Голема благодарност на Жито Маркети што покрена ваков тип на донација, а исто така и благодарност до сите граѓани што учествуваа во поддршката за спроведување на кампањата „Навика да добивам повеќе“. Нашата болница имаше потреба од основните средства за нормално функционирање, а Жито Маркети со оваа донација го обезбеди тоа што ни беше неопходно за работата со пациентите,“ – изјави Љупче Ристески, директор на болницата.

Покрај донацијата во општата болница во Кичево, Жито Маркети ќе донираат средства за лична хигиена и прехранбени продукти и  во дневниот центар за деца со посебни потреби.

„Ваквиот тип донации и добротворни кампањи доволно говорат дека добросостојбата на граѓаните е наша грижа, а нивната среќа наша обврска. По донацијата во општата болница во Велес, ова ни е втора донација од кампањата „Навика да добивам повеќе“ која ја овозможивме со помош на нашите лојални купувачи. Ние како компанија продолжуваме понатаму со кампањата и можам да најавам дека во секој од градовите ќе биде доделена донација во некоја социјална или здравствена установа, каде што потребата од помош е најголема,“ –  изјави Стојанче Тодороски, маркетинг менаџер на Жито Маркети.

Жито Маркети ги повикува сите граѓани да си ја подигнат својата бесплатна лојална картичка од кој било Жито Маркет во републиката и со тоа да учествуваат во кампањата „Навика да добивам повеќе“. Покрај бројните бенефити и привилегии што ги нуди картичката, лојалните купувачи со неа помагаат и во решавањето на конкретни проблеми што го засегаат општеството во кое живеат.

На денот на донацијата и караванот „Награди за насмевки“ беше во Кичево со цел да разбуди повеќе нови насмевки и голем број на изненадувања за сите купувачи на Жито Маркети. Караванот го посетија голем број граѓани од Кичево, што ги надмина и очекувањата на организаторите.