Прв Жито маркет во нас. Тафталиџе

Прв Жито маркет во нас. Тафталиџе

Прв Жито маркет во нас. Тафталиџе

На 22 ноември „Жито” го отвори новиот маркет во населбата Тафталиџе, на улицата „Будимпештанска” бр. 7, на површина од 240 квадратни метри. Во него функционира тим од 11 вработени, а потрошувачите можат да се услужуваат на две наплатни каси.
Со секој новоотворен објект „Жито” продолжува да ја применува веќе докажаната политика – понуда и услуга во согласност со барањата и потребите на современите потрошувачи. Жителите на Тафталиџе ќе имаат шанса да се уверат во вредностите на нашата компанија, како што се квалитетот, ниските цени и услужливоста, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на „Жито”.
На денот на отворањето за сите присутни посетители беа подготвени голем број подароци, промоции, попусти, продажни акции и гратис-производи. Купувачите имаа можност да ја искористат лојалната картичка „Навика да добивам повеќе” и да ја покажат својата хуманост, затоа што со добивањето на картичката тие имаат можност да донираат онаму каде што е најпотребно.
Супермаркетот ќе работи седум дена во неделата – од понеделник до сабота од 7 до 21 часот, а во недела од 8 до 14 часот.