НОВ ЖИТО МАРКЕТ ВО ВЕЛЕС

НОВ ЖИТО МАРКЕТ ВО ВЕЛЕС

Во присуство на менаџментот и голем број на деловни пријатели и гости , на 20.03.2019год. “Жито Маркети” го отвори својот 57ми маркет во Општина Велес.

Новиот малопродажен маркет, вклучувајќи го и магацинскиот простор, се простира на површина од 339м2 и е во непосредна близина на општината и Полициската станица во Велес. Истиот располага со две каси, пиљара, топлотека и печењара, и овозможи нови 10 вработувања.

Објектот беше комплетно реновиран и уреден по утврдени стандарди. Она што особено не’ радува е обновувањето на дворниот простор пред самиот маркет кое предизвика огромно задоволство кај жителите од околните згради. Новопосадените цветни и зимзелени аранжмани му дадоа особена свежина на просторот, а по околните патеки беа монтирани бекатон плочки со цел маркетот да биде достапен за сите кои сакаат да го посетат.

“Денес со отворањето на 14от по ред Жито маркет во Велес, на нашите верни купувачи од градот им овозможивме нова локација на која ќе може да ги пронајдат своите омилени производи по достапни цени. Како и до сега, наша предност ќе бидат квалитетната услуга, најдобрите цени, многубројните акции и широкиот асортиман на производи од домашни и странски производители. “- истакнаа од менаџментот.

Како и до сега, за нашите верни купувачи подготвивме бројни акции, презентации, дегустации и подароци.

Новоотворениот маркет може да го најдете на ул. Методија Андонов Ченто бр.4.

Работно време од понеделник до петок 07:30-21:30ч, недела и празници 07:00-15:00ч.