Аеродром доби нов Жито Маркет

Аеродром доби нов Жито Маркет

Аеродром доби нов Жито Маркет (позади Капитол)

Синџирот „Жито” на 24.12. – среда, отвори уште еден супермаркет во општина Аеродром, на булеварот „Јане Сандански” бр. 67. Маркетот располага со продажна површина од 330 квадратни метри и обезбеден паркинг-простор. Бројот на вработените изнесува 18, а услугата се врши на 4 наплатни каси.
Овој маркет е посебен поради тоа што покрај широкиот асортиман на производи по ниски цени, располага и со дополнителни содржини: пекарница, месарница, оддел за печени пилиња и пиљара со свежи овошје и зеленчук.
Задоволството на нашите потрошувачи ни овозможи да отвориме уште еден маркет во Аеродром и да понудиме врвна услуга, ниски цени и квалитетни производи, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на „Жито”.
Покрај големите попусти, промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис-производи на денот на отворањето, посетителите имаа можност да ја искористат и својата лојална картичка „Навика да добивам повеќе” за дополнителни придобивки при купувањето.