Лојална програма за пензионери
„Златни денови со Жито“ е специјална лојална програма за пензионери, насочена кон поголема вредност за парите и дополнителна грижа за купувачите. Програмата вклучува специјални понуди, подароци и патувања, а во иднина ќе опфати и нови активности, настани и изненадувања.
За остварена месечна куповна вредност од 6.000 ден. на вашата пензионерска Клуб картичка, добивате дополнителен
Подарок!
По златна цена!
Понеделник Среда Четврток Петок
Колку златни производи можете да купите?
За секои 500 денари на една сметка, со задолжително покажување на лојалната пензионерска картичка, имате право да купите еден Златен производ по специјална златна цена.
Пример: при редовна цена на лебот од 40 денари и златна цена од 15 денари, сметка од 1.350 денари дава право на купување два леба по 15 денари.
Златни брендови за ноември: од 1 до 30 ноември 2026
Секој месец се одредуваат Златни брендови. Учесниците се рангираат според вкупната месечна куповна вредност од производите на секој бренд, евидентирана со лојалната пензионерска картичка.
Најлојалните купувачи на секој бренд освојуваат:
Тридневно патување во бања
За двајцата купувачи со најголема куповна вредност од секој одбран Златен бренд.
24 купувачи за ноември
Пакети производи од брендот
За дел од останатите најлојални купувачи на секој бренд, според истото рангирање.
Кој може да учествува?
Навршени 62 години
Во програмата автоматски се вклучени сите купувачи со лојална картичка на Жито и навршени 62 години.
Бенефициран стаж и инвалидска пензија
Право на учество имаат и примателите на пензија врз основа на бенефициран стаж и примателите на инвалидска пензија, со задолжителна потврда дека се приматели на пензија. Потребно е да аплицираат за нова лојална картичка или да побараат префрлање на постојната картичка во групата лојални пензионери.
Ажурирани податоци
Ажурирањето на личните и контакт-податоците на лојалната картичка е задолжително за сите учесници, за да можеме да ги контактираме добитниците.
Важни правила
Фер политика за патувања и пакети
Секој учесник има право на најмногу едно патување во бања и еден пакет производи од Златните брендови во период од три месеци. Ограничувањето се применува одделно за секој од двата вида подароци.
Пример: добитник на патување за ноември нема право на ново патување за декември и јануари, дури и ако повторно се рангира меѓу добитниците. Истото правило важи и за пакетите производи. Така подароците ги добиваат повеќе различни пензионери.
Не заборавајте
- Лојалната картичка задолжително се покажува при секое пазарување.
- Месечниот подарок, Златниот производ и подароците од Златните брендови се одделни поволности.
- Златниот производ се купува само до 10:00 часот, секој работен ден освен вторник.