СЕКОЈ ДЕН ПОВЕЌЕ ЗА ВАС: ЖИТО МАРКЕТИ ЗАПОЧНУВА СО НОВА ГОЛЕМА ЛОЈАЛНА АКТИВНОСТ

Во Жито Маркети веруваме дека лојалноста заслужува да биде наградена. Затоа започнуваме со нова голема активност наменета за сите членови на Жито Клуб, преку која секој работен ден ќе носи нова можност за заштеда, специјален попуст или дополнителна поволност при пазарувањето.

Под мотото „Секој ден повеќе за вас“, од понеделник до петок ќе реализираме пет различни активности, создадени според секојдневните потреби на нашите потрошувачи. Нашата цел е членството во Жито Клуб да носи реални, јасни и редовни придобивки, а секое пазарување во Жито Маркети да понуди уште поголема вредност.

За користење на поволностите потребно е потрошувачот да ја приложи својата Жито Клуб картичка при плаќањето.

ПОНЕДЕЛНИК – КУПЕТЕ ЕДЕН, ВТОРИОТ ДОБИЈТЕ ГО СО ПОПУСТ ДО 70%

Секоја недела ја започнуваме со десет специјално избрани производи и понуда што носи двојно повеќе за помалку.

Секој понеделник, при купување на еден од избраните производи, вториот ист производ го добивате со попуст до 70%. Производите вклучени во активноста ќе се менуваат, овозможувајќи ви секоја недела да откривате нови понуди од различни категории.

Понудата важи со Жито Клуб картичка, само во понеделник и до исцрпување на расположливите залихи.

ВТОРНИК – 10% ПОПУСТ СО ЖИТО КЛУБ

Вторник е ден за поголемо и поповолно пазарување.

Секој вторник, со приложување на Жито Клуб картичката, добивате 10% попуст на производите по редовна цена. Поволноста е наменета да ви овозможи дополнителна заштеда при купувањето на производите што редовно ги користите во домот.

Поволноста не важи за производите кои подлежат на одлуката од Влада за ограничување на маржите и цените во трговијата на големо и мало,  на основните, на акцизните производи, како и на производите што имаат веќе намалени цени од останатите понуди.

СРЕДА – HAPPY HOUR ОД 18:00 ДО 20:00 ЧАСОТ

Среда е резервирана за два часа исполнети со голема заштеда.

Секоја среда, во периодот од 18:00 до 20:00 часот, специјално избрани производи ќе биде достапен по исклучително поволна цена. Производот и понудата ќе се објавуваат навремено преку комуникациските канали на Жито Маркети.

Во рамките на Happy Hour, секој потрошувач може да купи најмногу три парчиња од понудениот производ. Ограничувањето е воведено со цел поволноста да биде достапна за што поголем број потрошувачи.

Понудата важи со Жито Клуб картичка, во наведениот временски период и до исцрпување на залихите.

ЧЕТВРТОК – СУПЕР ЧЕТВРТОК

Секој четврток издвојуваме еден популарен производ или бренд на производи, и истиот го нудиме со супер попуст, достапен само тој ден.

Избраните производи ќе се менуваат секоја недела, а членовите на Жито Клуб ќе имаат можност да ги купат по специјално намалена цена. На тој начин, секој четврток ќе носи ново изненадување и нова причина да ги посетите Жито Маркети.

Понудата важи со Жито Клуб картичка и до исцрпување на расположливите залихи.

ПЕТОК – 5% ПОПУСТ НА СИТЕ ПРОИЗВОДИ ОД БРЕНДОТ 5КА

Работната недела ја завршуваме со дополнителна заштеда на производите од брендот 5ка.

Секој петок, членовите на Жито Клуб добиваат -5% попуст на сите производи од брендот 5ка. Од основни прехранбени производи до производи за секојдневните потреби на домот, петок е можност омилените производи од 5ка да ги купите по уште поповолна цена. Дополнителен %5 попуст се пресметува и на веќе намалените производи.

Попустот се остварува со приложување на Жито Клуб картичката при плаќањето и важи согласно условите на активноста.

КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ ПОВОЛНОСТИТЕ?

За да бидете дел од активностите, доволно е:

  1. Да бидете член на Жито Клуб.
  2. Да ја приложите својата Жито Клуб картичка на каса.
  3. Да пазарувате во денот во кој важи избраната активност.
  4. Да ги следите неделните објави за производите и понудите што се вклучени.

Следете ги официјалните канали на Жито Маркети, каде редовно ќе ги објавуваме избраните производи, цените, времетраењето и сите дополнителни информации поврзани со активностите.

НЕ СТЕ ЧЛЕН НА ЖИТО КЛУБ?

Зачленете се и започнете да ги користите сите поволности што ги создадовме за нашите лојални потрошувачи.

Жито Клуб – Навика да добивам повеќе!

УСЛОВИ НА АКТИВНОСТИТЕ

Активностите важат во Жито Маркети, со приложена Жито Клуб картичка, во точно наведениот ден и временски период. Понудите важат до исцрпување на залихите. Попустите не се комбинираат со други акции, попусти и поволности. За одделни категории и производи може да важат дополнителни ограничувања, кои ќе бидат јасно наведени во неделната понуда и на продажното место.