Posted 2 недели ago

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено најмалку средно стручно образование;
  • Завршено образование од соодветна насока – месар ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
  • Висок степен на одговорност и посветеност кон работата;
  • Професионален и коректен однос кон работните задачи, купувачите и колегите;
  • Комуникативност и способност за тимска работа;
  • Способност за самостојно извршување на работните задачи;
  • Подготвеност за почитување на интерните стандарди за квалитет, хигиена и безбедност при работа.

Главни работни задачи:

  • Прием, складирање и одржување на производите од асортиманот на месарата;
  • Правилно сечење, обработка и подготовка на месо согласно утврдени норми и стандарди;
  • Уредно складирање на производите во фрижидер или комора на соодветна температура;
  • Следење на свежината, квалитетот и исправноста на производите;
  • Љубезно услужување на купувачите и продажба на производи;
  • Грижа за инвентарот, алатот и опремата во месарата;
  • Одржување на хигиената во работниот простор, опремата и месарата во целина;
  • Почитување на законските, подзаконските и интерните прописи поврзани со безбедност на храна, хигиена и работа со производи од месо;
  • Одговорно и навремено извршување на сите активности поврзани со секојдневното работење на месарата.

Ние нудиме:

  • Пријатна и стабилна работна атмосфера;
  • Можност за кариерен раст и напредување;
  • Обезбеден превоз и топол оброк;
  • Конкурентна плата и бонуси;
  • Обука, менторирање и евалуација во процесот на работа;
  • Платено колективно осигурување;
  • Ваучер за склучен брак;
  • Пакет за новороденче;
  • Подарок за роденден;
  • Пакет производи за поголемите верски празници;
  • Подарок за роденден за деца до 5 години.

Доколку сте одговорна, вредна и мотивирана личност која сака да биде дел од стабилна компанија со можности за развој, ве охрабруваме да аплицирате.

Apply Online