РАКОВОДИТЕЛ НА МАРКЕТ – ШТИП
ДПТУ „ЖИТО“ извоз-увоз ДООЕЛ Велес
Штип
Posted 2 дена ago

Бараме одговорна, организирана и комуникативна личност која ќе го организира секојдневното работење на маркетот, ќе го координира тимот и ќе се грижи за навремено и квалитетно извршување на работните процеси.
Потребни квалификации:
- Средно или високо образование;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Високо ниво на одговорност, посветеност и самостојност во работата;
- Добри организациски и комуникациски вештини;
- Способност за организација на тим и работа во динамична средина;
- Способност за работа со рокови и справување со повеќе задачи истовремено;
- Развиени вештини за комуникација со вработени, потрошувачи и деловни соработници;
- Познавање на MS Office.
Главни работни задачи:
- Го организира и координира секојдневното работење на маркетот;
- Ги организира смените и распоредот на вработените согласно потребите на маркетот;
- Ја следи работата на вработените и се грижи за навремено и правилно извршување на работните задачи;
- Изготвува и контролира документација како профактури, повратници, приемни листови и други документи поврзани со работењето;
- Ги следи залихите и навремено врши нарачки согласно потребите на маркетот;
- Се грижи за правилно поставување и ажурирање на цените на производите;
- Редовно комуницира и соработува со комерцијалистите и останатите сектори во компанијата;
- Го следи асортиманот и дава предлози за негово подобрување согласно потребите на потрошувачите и маркетот;
- Ги следи оперативните потреби на маркетот и навремено ги пренесува до надлежните лица;
- Се грижи за уредноста, организацијата и почитувањето на интерните процедури и стандарди;
- По потреба се вклучува во активности поврзани со наплата и непосредно работење со потрошувачите.
Што нудиме:
- Конкурентна плата и можност за дополнителни бонуси;
- Организирана обука, менторирање и редовна евалуација;
- Можност за кариерен раст и напредување во рамки на компанијата;
- Подарок за роденден;Подарок за роденден за деца до 5 години;
- Пакет за новороденче;Ваучер по повод склучување брак;
- Пакет производи по повод поголемите верски празници.