Трајно ги намалуваме цените на над петстотини производи од секојдневната потрошувачка кошничка – ова е целта која пред себе си ја поставивме за оваа пролет. Во годината кога нашиот домашен македонски бренд слави три и пол децениски јубилеј постоење, една од клучните работи на што ќе посветиме посебен фокус како семејна компанија е зацврстување на врските со заедницата низ општествено одговорни акции, каде што, секако, влегуваат и политиките на креаирање најповолни цени за нашите ценети потрошувачи.
„Барај домашно, купувај најевтино!“ е првата активност која веќе започнавме да ја реализираме во сите продажни објекти на Жито Маркети, низ целата земја. Во суштина, станува збор не само за замрзнување на цените, туку за нивно намалување на подолг рок и тоа на групи на производи и на продукти коишто се најбарани и најкупувани од потрошувачите.
Следејќи ги глобалните економски случувања, но, секако и пазарот и политиките на цените во нашата држава, решивме да внесеме поинаков тренд – и во нашето работење, но и во функцонирањето на целиот малопродажен сектор на стоки за широка потрошувачка – а тоа е намалување и замрзнување на цените на голем број намирници што секојдневно се купуваат. Најнапред, тоа се околу 300, за многу бргу да стигнеме до крајната цел – над 500 селектирани производи со уверливо најниска цена на пазарот.
Во зависност од глобалното движење на цените на суровините, енергенсите и на другите ресурси, избраните производи со намалена цена нема да се покачуваат, тие може да останат на исто намалено ниво или да бидат пониски.
Во рамките на одбележувањето на 35 години од нашето постоење, најавуваме уште неколку општествено-одговорни проекти што ќе ги спроведува нашата компанија, како продолжение на досегашните активности, преку кои ја демонстрираме својата грижа за заедницата, особено за најранливите категории граѓани. “Барај домашно, купувај најевтино!” е главниот дел од таа поширока општествена одговорна активност за зацврстување на релациите со заедницата со креирање на најповолна ценовна политика на пазарот. Вакви и слични активности се нераскинлив дел од корпоративната култура на Жито Маркети, која се негува во изминатите три и пол децении и ни сме особено горди на ова!
Во оваа смисла, сите одговорни компании, особено во сегментот на малопродажбата на стоки за широка потрошувачка, ќе треба да најдат начин да вратат вредност кон заедницата, во период на глобални предизвици за недостаток и производство на храна и на нестабилни цени и ценовни шокови.
Си ја земаме слободата да ги повикаме и другите економски оператори во малопродажбата за приклучувањето на трендот што го креираме за перманентно и континуирано намалени цени на клучни производи за секојдневна употреба и тоа на најбраните групи производи од потрошувачката кошничка. Сега е вистинскиот момент, кога треба да покажеме дека се грижиме за своите купувачи!