АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

Позицијата е погодна за лица кои се одговорни, организирани, комуникативни и имаат интерес за административна работа, следење на процеси и поддршка на секојдневното работење на секторите во Дирекција.
Главни работни задачи:
Извршување административни и оперативни задачи согласно потребите на секторот;
Внесување, ажурирање и проверка на податоци во табели, системи и интерни евиденции;
Следење на зададени процеси, рокови и доставена документација;
Евидентирање информации, проверка на точност на податоци и навремено известување за евентуални неправилности;
Поддршка при организација, координација и реализација на административни активности;
Подготовка, средување и архивирање на документација согласно интерните процедури на компанијата.
Потребни способности и квалификации:
Завршено средно образование;
Основно познавање на работа на компјутер;
Способност за точно, уредно и навремено внесување податоци;
Познавање на Microsoft Excel и Word ќе се смета за предност;
Одговорност, прецизност и сериозен пристап кон работата;
Добра писмена и усна комуникација;
Способност за следење инструкции, рокови и работни процеси;
Организираност, желба за учење и подготвеност за тимска работа;
Претходно работно искуство на иста или слична административна позиција ќе се смета за предност.
Ние нудиме:
Работа во стабилна компанија со организирани работни процеси;
Можност за учење, професионален развој и напредување;
Пријатна работна атмосфера и поддршка од тимот;
Обезбеден превоз и топол оброк;
Конкурентни услови за работа;