Брза, лесна и вкусна торта која сигурна сум дека многу ќе ви се допадне.
1. Го раствораме најпрво кафето. Во подлабок сад ги ставаме брашното, шеќерот, прашокот за пециво и какаото и убаво ги промешуваме. Потоа ги додаваме и течните состојки и уште еднаш ги мешаме додека не добиеме хомогена смеса. Вака добиената смеса ја ставаме во тава, и печеме околу 20-25 минути на 200 степени, секако во претходно загреана рерна.
2. Откако е готова ја оставаме да се олади, а во меѓувреме ја правиме глазурата. Во тенџере на оган го ставаме млекото и чоколадото и мешаме постепено додека не се измешаат. Малку ја оставаме да се олади, и ја ставаме глазурата на претходно изладената торта. Оставаме некаде пола час да се впие убаво и уживаме во прекрасниот вкус.
- 200 гр брашно
- 150 гр шеќер
- 1 филџан растворено инстант кафе ( малку појако за поинтезивен мирис )
- 2 супени лажици какао
- 250 мк вода
- 50 мл масло
- 1 кесичка прашак за пециво
- Чоколадна глазура
- 100 гр чоколада за готвење
- 100 мл млеко