Жито Маркети преку својата кампања „Навика да добивам повеќе“ ја реализира втората по ред донација, овој пат во општата болница во Кичево. Во неонатолошкиот оддел од болницата беа доставени 2 редуцир вентили со манометар (комплет) за боци со кислород, 15 парчиња бебешки ќебенца и 50 комплети од тетра пелени и памучни пелени, додека во детското одделение беа донирани 50 комплети од чаршафи горни и долни со навлака за перници, 50 ќебиња за големи кревети и еден компјутер со принтер.
„Голема благодарност на Жито Маркети што покрена ваков тип на донација, а исто така и благодарност до сите граѓани што учествуваа во поддршката за спроведување на кампањата „Навика да добивам повеќе“. Нашата болница имаше потреба од основните средства за нормално функционирање, а Жито Маркети со оваа донација го обезбеди тоа што ни беше неопходно за работата со пациентите,“ – изјави Љупче Ристески, директор на болницата.
Покрај донацијата во општата болница во Кичево, Жито Маркети ќе донираат средства за лична хигиена и прехранбени продукти и во дневниот центар за деца со посебни потреби.
„Ваквиот тип донации и добротворни кампањи доволно говорат дека добросостојбата на граѓаните е наша грижа, а нивната среќа наша обврска. По донацијата во општата болница во Велес, ова ни е втора донација од кампањата „Навика да добивам повеќе“ која ја овозможивме со помош на нашите лојални купувачи. Ние како компанија продолжуваме понатаму со кампањата и можам да најавам дека во секој од градовите ќе биде доделена донација во некоја социјална или здравствена установа, каде што потребата од помош е најголема,“ – изјави Стојанче Тодороски, маркетинг менаџер на Жито Маркети.
Жито Маркети ги повикува сите граѓани да си ја подигнат својата бесплатна лојална картичка од кој било Жито Маркет во републиката и со тоа да учествуваат во кампањата „Навика да добивам повеќе“. Покрај бројните бенефити и привилегии што ги нуди картичката, лојалните купувачи со неа помагаат и во решавањето на конкретни проблеми што го засегаат општеството во кое живеат.
На денот на донацијата и караванот „Награди за насмевки“ беше во Кичево со цел да разбуди повеќе нови насмевки и голем број на изненадувања за сите купувачи на Жито Маркети. Караванот го посетија голем број граѓани од Кичево, што ги надмина и очекувањата на организаторите.