Новости

Протеински леб

Состојки:

150 гр овесни снегулки

200 гр фета сирење

1 јајце

30 гр семки од тиква

30 гр семки од сончоглед

1 лажичка сол

1 прашок за пециво

сусам (по избор)

 

Подготовка:

Во длабок сад ставете ги наведените состојки и добро промешајте ги. Добиената смеса обликувајте ја во вид на леб (може да користите и помал калап за леб).

Во загреана рерна на на 200°C печете околу 40-45 минути. Проверете дали е испечен (со чепкалка) и пресечете го откако ќе излади.